Турција

Турција: Скијачите уживаат во планините покриени со снег до август

Турција, долж крајбрежјата на Средоземното, Егејското, Мраморното и Црното Море, ги привлекува љубителите на летниот одмор и пливањето, а во планините во исто време има богата понуда за скијачите

Yahya Sezgin  | 26.04.2018 - Обновена : 27.04.2018
Турција: Скијачите уживаат во планините покриени со снег до август Yahya Sezgin/AA

Muş

МУШ (АА) - ЈАХЈА СЕЗГИН -

Зимските центри на планините Куртик и Чавуш во источна Турција стануваат сè повеќе популарни априлски туристички атракции за љубителите на скијањето и снегот, јавува Anadolu Agency (AA).

Благодарение на својата поволна географска положба, Турција, долж крајбрежјата на Средоземното, Егејското, Мраморното и Црното Море, ги привлекува љубителите на летниот одмор и пливањето, а во планините во исто време има богата понуда за љубителите на овој тип туризам и на скијањето.

Репортерскиот тим на АА го посети планинскиот венец Куртик и Чавуш, кој се наоѓа на надморска височина од 2.220 метри и на кој нивото на снегот и во овој период од годината достигнува до метар и половина.

Станува збор за зимско одморалиште кое е оддалечено само 12 километри од центарот на градот Муш, поради што привлекува многу професионални скијачи и рекреативни ентузијасти.


Ски-инструкторот Вејсел Оглаго, во разговорот со новинарот на АА, изјави дека условите на ски-центарот и во овој период од годината се оптимални за обуките.

Тој рече дека со изградба на голем ски-центар, ова зимско одморалиште би можело да стане еден од најважните центри за скијачите од целиот свет кои сакаат да скијаат вон зимската сезона.

„Во моментов, нашите турски скијачи одат во странски кампови за да тренираат. Нашата земја има можност да отвори такви кампови. Куртик и Чавуш до август се покриени со снег“, рече инструкторот Јакуп Ферхатоглу.

Ферхатоглу додаде дека изградбата на големи ски-центри во овие планини би значела многу и за турските олимпијци кои би имале идеални услови за подготовка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın