Ekipa
17 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за индустрија и технологија денес најави пакет мерки за поддршка на малите и средните претпријатија (МСП), претприемачи и индустријалци, составен од 16 точки, јавува Anadolu Agency (AA).
„Пакетот е подготвен во согласност со фискалните политики и нема да предизвика монетарна експанзија“, се вели во соопштението на Министерството.
„Ги забрзуваме нашите чекори во врска со домашната технологија и локализацијата, со цел да спречиме одредени економски удари врз нашите претприемачи во областа на технологијата и индустријалците низ цела Турција“, изјави Мустафа Варанк, турскиот министер за индустрија и технологија.
Варанк истакна дека пакетот мерки нема да претставува додатно оптоварување на буџетот на Турција.
Анализирајќи над 2.700 производни линии што го сочинуваат турскиот увоз на интермедијарни производи, Министерството започна Програма за локализација на приоритетни производни линии, еднакви на увозот, со минимална вредност од 30 милијарди долари.
Пакетот вклучува различни мерки, како што се предностите во однос на цените за локалните производи, спречување на нелојалната конкуренција, подобрување на можностите за иновации и конкуренција во реалниот сектор, извозните стимулации за малите и средните претпријатија и поттикнувањето на патенти и дизајни.
Тој, исто така, има за цел да го поттикне домашниот потенцијал преку обезбедување 500 милиони лири (80 милиони долари) за 500 проекти.
Фокусирајќи се на технолошките развојни зони, Министерството ќе им даде 100 милиони лири (16 милиони долари) до крајот на 2018 година.