Sena Güler
17 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
АНКАРА/МОСКВА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес се состана со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар и претседателот на турската Национална разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, денес, во раните утрински часови, заминаа за Москва.
Акар и Фидан, кои беа пречекани со воена церемонија, се состанаа со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу и со други високи официјални претставници.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека двајцата министри дискутирале за регионални безбедносни прашања, вклучувајќи ги и последните случувања во Сирија.
„Посебно внимание е посветено на брзото решавање на хуманитарните прашања во Сирија и на враќањето на бегалците во нивната земја“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека било дискутирано и за заедничката соработка во одбранбениот сектор.