Saim Harmancı,Necmi Ertuş
29 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
ХАКЌАРИ (АА) - Во извршениот напад од страна на терористите во подрачјето на Јуксекова во Хакќари загинаа тројца припадници на локални безбедносни сили а двајца се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на локалните безбедносни сили чувајќи ја механизацијата со којашто се работеше на патот во близина на местото Јенишик Јукари Олукбаши дел од гратчето Бујукчифтлик беа нападнати со огнено оружје од страна на терористите на ПКК.
Во оружената претстрелка тројца припадници на локалните безбедносни сили загинаа, а двајца се повредени. Повредените беа однесени во државната болница во Јуксекова.
На местото на настанот пристигнаа голем број оклопни возила а против терористите започнаа воздушни операции.