Mustafa Yıldırım
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
ИЗМИР (АА) - Турската полиција уапси 19 припадници на терористичката организација ДЕАШ кои подготвувале напад за да го саботираат референдумот за уставната реформа што во таа земја ќе се одржи в недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Одделот за борба против тероризмот извршија операција врз основа на информациите од разузнавачката служба и уапсија група припадници на ДЕАШ кои подготвувале план за да го спречат излегувањето на гласачите на гласање на денот на референдумот во Турција.
Операцијата е спроведена во Измир, а меѓу уапсените се десет државјани на Турција и деветмина од Сирија.
Утврдени се врските на уапсените со терористите на ДЕАШ од боиштата во Сирија.
За време на операцијата, полицијата изврши претреси на повеќе објекти во кои престојувале осомничените, и заплени поголема количина документи, панцири и дигитални материјали.