Mustafa Yıldırım
11 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
ИЗМИР (АА) - При акцијата на припадниците на безбедносните сили на работнилница во местото Буџа, кое му припаѓа на Измир, на турскиот брег на Егејското Море, запалени се 29 гумени чамци произведени нелегално, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните екипи на безбедносните сили добиле дојава дека во една работилница во населбата Зафер се произведуваат чамци кои се користат за нелегално превезување на мигранти во европските земји.
При упадот во работилницата, покрај чамците запленета е и придружната опрема.
На две лица одредена им е парична казна поради „недозволено производство”.