Arif Yakıcı
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Екипите на истанбулската Дирекција за разузнавање и борба против тероризмот започнаа операции по извршениот терористички напад врз Дирекцијата на истанбулската полиција и седиштето на владејачката Партија за правда и развој (АК Парти) со цел да се фати осомничениот или осомничените во врска со извршениот терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата, по следењето и разузнавачките активности, како и врз анализа на доказите, спроведе акции на 15 различни адреси во Истанбул, за приведување на осомничениот Шериф Т., припадник на терористичката група ДХКП/Џ, за кој постои сомнение дека е вмешан во терористичките напади.
Терористот, член на ДХКП/Џ, е фатен во Текирдаг.
Осомничениот кој не беше пронајден на наведените адреси, е утврдено дека го напуштил градот. По извршените полициски операции, Шериф Т. е фатен во Текирдаг.
Утврдено е дека Шериф Т. вчера отворил оган врз полицијата во истанбулската населба Есенјурт, а потоа избегал од местото на настанот кога полицијата возвратила на огнот.