Hülya A. Gündüzalp
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Ефкан Ала, изјави дека во врска со синоќешниот терористички напад во Анкара уапсени се 14 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Ала за АА изјави дека по терористичкиот напад е спроведена акција против тероризмот во седум турски градови.
„Во акциите спроведени во Истанбул, Адана, Болу, Текирдаг, Измир, Анкара и Дијарбакир досега се уапсени 14 лица. Еден дел од уапсените се префрлени во Анкара, а останатите се на пат”, рече Ала.
Министерот Ала додаде дека продолжува истрагата за терористичкиот напад во Анкара и дека најголем дел од поврзаните лица со овој напад се веќе идентификувани.
Врз возила кои превезувале персонал на Вооружените сили на Турција во вечерните часови, изведен е терористички напад во момент додека чекале на семафор на раскрсница на булеварот Инону, во центарот на Анкара.
Според официјалните податоци, во нападот загинале 28, а ранети се 61 лице. Меѓу загинатите има 27 припадници на турските сили за безбедност и еден цивил.