Barış Gündoğan
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на турската Партија на правдата и развојот (АК Парти) Махир Унал изјави дека е потврдена информацијата дека ПЈД од затворите во Рака, Африн и Деир ез-Зор пушти околу 400 членови на ДЕАШ под услов да војуваат против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Унал одговараше на прашањата на новинарите во зградата на главниот центар на партијата во Анкара и се осврна на ситуацијата во Сирија.
„Потврдена е информацијата дека ПЈД од затворите во Рака, Африн и Деир ез-Зор ослободи околу 400 членови на ДЕАШ под услов да војуваат против Турција", рече Унал.