Aslı Aral
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - По речиси 2,5 месеци континуирани средби, формирана е новата Влада на Исланд со коалиција на три политички партии, јавува Anadolu Agency (AA).
Коалициската влада ја формираат десно ориентираната партија за независност, Партијата за либерални реформи и партијата „Светла иднина“ (Bright Future), која е проевропски ориентирана. Се очекува новоформираната влада на дневен ред да го постави референдумот за членство во ЕУ, кое минатата година беше повлечено. Организирањето на референдумот на новата влада ќе треба да биде изгласан од страна на Парламентот.
На минатогодишните општи избори најголем број гласови и 21 пратеник освои Партијата за независност. Оваа партија е против членството во ЕУ, и беше принудена да ги прифати проевропските погледи на коалициските парнери за да може да формира влада. Формирањето на коалициската влада го водеше Партијата за независност. За формирање влада во Исланд, чиј Паламент брои 63 парламентарци, потребна е поддршка од најмалку 32 пратеника.
На предвремените избори во октомври минатата година, ниту една политичка партија не го освои потребното мнозинство за самостојно формирање влада. Исланд има 340.000 жители, а по изборите влезе во период на обиди за формирање коалициска влада.
Исланд во 2009 година поднесе барање за членство во Европската Унија (ЕУ), но поради опасноста дека членството може негативно да влијае на рибарството, кое е основа на државната економија, барањето беше повлечено.
Исланд подолг период е воден од коалициски влади. Во периодот од 2009 до 2013 година, Владата на Исланд ја сочинуваше коалицијата на Социјалдемократската партија и Партијата на зелените, додека во периодот од 2013 до 2016, коалициска влада формираа Прогресивната партија и Партијата за независност.