Erbil Başay
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германското посебно Собрание денеска го избра поранешниот шеф на германската дипломатија, Франк-Волтер Штајнмаер за нов претседател на Германија, пренесува Anadolu Agency (АА).
Штајнмаер и избран со 931 глас од вкупно 1.260 пратеници кои денеска гласаа на индиректните претседателски избори.
Претседателот на Германија има мала изрвшна моќ и станува збор за функција од репрезентативен карактер, но важен морален авторитет. Новиот претседател ќе го наследи Јоахим Гаук, 77 годишниот лутерански пастор и источногермански продемократски активист, кој минатата година најави дека не планира да се кандидира за нов петгодишен мандат поради неговата возраст.
Претседателот го бираа 1.260 членови на Собранието, кое се состои од 630 парламентарци во Долниот дом на Парламентот и ист број претставници од 16 германски сојузни држави.
Новоизбраниот германски претседател Штајнмаер, кој до неодамна беше министер за надворешни работи на Германија, ја има поддршката на германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината голема коалиција, партии од левиот и десен центар.
Штајнмаер кој е социјалдемократ, стана кандидат поддржан од страна на актуелната власт откако Меркел не успеа да пронајде кандидат од редовите на конзервативците кој би бил подготвен да ја преземе функцијата претседател на Германија.
Toj подолго време важи за еден од најпопуларните германски политичари.
Освен него, во трката за претседател на Германија беа уште четворица кандидати. Кристоф Бутевег беше кандидат на опозициската Левичарска партија, Албрехт Гласер на Алтернатива за Германија, Александар Холд од Партијата на слободни гласачи од Баварија и кандидатот Енгелберт Сонеборн.