Aldıjana Hadzıc
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
АТИНА (АА) - Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун за време на својата официјална посета во Грција, се состана во Атина со премиерот на таа земја Алексис Ципрас, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот, на кој како велат грчките медиуми, се разговарало за мигрантската криза, одржана е прес-конференција. Во таа прилика Бан се заблагодари на Грција која ги поддржа бегалците и изјави дека е непроценлива пружената поддршка на грчкиот народ за време на мигрантската криза.
Ципрас на Бан му подари портокалов појас за спасување, кој притоа генералниот секретар го стави на себе.
Овој појас често го користат мигрантите кои преку Егејското и Средоземното море заминуваат кон европските земји.
Меѓународата организација за миграции (ИОМ) претходно соопшти дека во изминатите две децении ширум светот на опасниот пат кон подобар живот загинале повеќе од 55,000 мигранти и бегалци.
Во годишниот извештај за страдање на мигрантите се наведува дека бројот на настраданите расте секоја година, и дека 2015 година била најсмртоносна за таа загрозена популација.
Во првите пет месеци оваа година во светот животот го загубија 3.100 мигранти.
Во извештајот на ИОМ исто така се наведува дека опасностите на мигрантите не завршуваат ни по доаѓањето на тлото на Европа. Најмалку 130 мигранти загинаа на тлото на ЕУ. Во Австрија, во еден камион без воздух остана и се задуши 71 мигрант, додека во Евротунелот во францускиот Калаис при обид за премин во Англија животот го загубија 27 мигранти.