Hasan Tosun
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ВИЕНА (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации (UN) Бан Ки-мун по состанокот со министерот за надворешни работи Себастијан Курц во вторник во Виена изрази потреба за продолжување на прекинот на непријателствата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во спротивен случај, ќе биде многу тешко да се достави хуманитарната помош на луѓето во таа земја", рече Бан на конференцијата за новинарите.
Нагласи дека ниту една земја самостојно не може да ги реши глобалните проблеми со кои се соочува.
„Потребно е да се делува заеднички за да се заштитат заедничките вредности", рече Бан.
Истанка дека исламофоијата во Европа негативно влијае на секој, вклучувајќи жени и деца.
„Исламофобичните и дискриминаторските изјави ги кршат правата и жртвите и го трујат целото општество, без оглед на верската припадност и бојата на кожата”, рече генералниот секретар на Обединетите нации.
Бан се осврна и на сириската криза, нагласувајќи дека е многу важно да се сочува примирјето во земјата погодена со војна.
„Моментално е најважно да се демонстрира политичката волја и да се сочува примирјето”, напомена Бан.
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, изјави дека имаше прилика да разговара со Бан за многу важни прашања, вклучувајќи го и проблемот со бегалската криза.
„Австрија се обидува да ги спречи илегалните мигранции и ние преземаме големи напори во однос на тоа прашање” , истакна Курц.