Burcu Arik
19 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили изведоа воздушни напади на бази на терористите на ПКК во северен Ирак во две одвоени операции вчера и денес, објавија воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на официјалниот вебсајт на турскиот Генералштаб се вели дека 20 авиони од типот F-16 и F-4 бомбардираа позиции во регионите Синат, Хафтанин и Гара.
Вкупно 10 авиони ја нападнаа базата на организацијата во Гара во раните утрински часови, денес.
Терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ - ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против Турција во јули. Оттогаш 290 припадници на безбедносните сили загинаа а убиени се илјадници терористи.