Ekipa
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон, истакна дека е време да престане затегнатоста во односите со Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
„Сметаме дека е време да се стави крај на затегнатоста во односите со САД. Сирија е значаен чекор во таа насока“, изјави Чавушоглу за новинарите по состанокот со неговиот американски колега.
Тој истакна дека Турција не прифаќа закани во врска со прашањето за испораката на авионите F-35.
„Испораката на авионите F-35 ќе се изврши на 21 јуни, како што и претходно беше планирано. Нема никакви промени“, рече турскиот шеф на дипломатијата.
Тој нагласи дека за време на состанокот во Вашингтон, потврдена е мапата на патот која вклучува и воспоставување безбедност и стабилност во сибирскиот Мунбич.
„Ќе биде овозможено враќање на оние кои под притисок на ПКК/ЈПГ мораа да ги напуштат своите домови во Мунбич. Ќе се работи и на параметрите за мапата на патот, со цел терористичката организација ПКК/ЈПГ да биде отстранета од Мунбич“, истакна Чавушоглу.
Тој, исто така, посочи дека Помпео му кажал дека американското ФБИ сериозно го истражува прашањето за ФЕТО во САД.
„Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ми соопшти дека постојат многу сериозни истраги на ФБИ по прашањето за ФЕТО во САД“, рече Чавушоглу.
Турскиот шеф на дипломатијата, Мевут Чавушоглу, престојуваше во официјална посета на САД, каде што оствари средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео.