Merve Yıldızalp
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на АК Партијата, Омер Челик, истакнувајќи дека ниту една земја не може да назначи претседател во Венецуела или во некоја друга земја, рече: „Да одредите претседател за народот на Венецуела е навреда за тој народ. Оние кои ја поддржуваат оваа навреда, нека помислат како би постапил пионерот на слободата на Латинска Америка, Симон Боливар, да беше жив“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Челик напиша објава на Твитер во врска со прогласувањето на претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, за привремен претседател на државата.
„Ниту една земја не може да назначи претседател во Венецуела или во некоја друга земја. Целосна глупост и агресија е земјите кои се раководат со демократија, да одредат претседател за некоја друга земја. Тоа е нелегитимен акт“, истакна Челик.
„Изразот „привремен претседател“ ќе биде еден од најагресивните изрази кој ќе влезе во историјата на светската политика. Да му кажете на еден народ ’Овој е ваш претседател‘, е навреда за тој народ“, рече Челик, и додаде:
„Да одредите претседател за народот на Венецуела е навреда за тој народ. Оние кои ја поддржуваат оваа навреда, нека помислат како би постапил пионерот на слободата на Латинска Америка, Симон Боливар, да беше жив.“