Ekipa
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски го побарал претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и му изразил поддршка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калин напиша објава на Твитер во врска со прогласувањето на претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, за привремен претседател на државата.
„Нашиот претседател (Ердоган) телефонски го побара претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја изрази поддршката на Турција за него и му рече: ’Мој брату Мадуро, биди цврст, ние стоиме до тебе‘. Турција, под лидерство на нашиот претседател Ердоган, ќе го зачува својот принципиелен став против сите обиди за државен удар“, напиша Калин.
Калин на крајот на својата објава го стави хаштагот #WeAreMADURO.