Dejan Maksimoviç
12 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
НИОН (АА) - Александар Чеферин, претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) и Џани Инфантино, првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) го осудија синоќешниот напад во Дортмунд. Трите експлозии кои одекнаа во близина на автобусот што ги превезуваше играчите на Борусија од хотелот кон стадионот „Вестфален“, каде што требаше да го одиграат првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Притоа, при кршењето на стаклото во автобусот, повреден е Марк Бартра, фудбалерот на Борусија, јавува Anadolu Agency (AA).
Бартра синоќа беше веднаш опериран откако претпре фрактура на рачниот зглоб, а од раката му се извадени парчиња стакло.
„Бев длабоко вознемирен од експлозиите што се случија во Дортмунд. Одлуката за одложување на натпреварот од Лигата на Шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Монако е правилна, бидејќи наш приоритет секогаш мора да биде безбедноста на навивачите, претставниците на клубовите и на играчите. Би сакал да ја искажам мојата искрена благодарност до претставниците на двата клуба, локалните власти и до поддржувачите за нивната соработка“, рече Чеферин.
Инфантино истакна дека ФИФА ќе продолжи да ја следи истрагата за експлозиите, и текот на опоравувањето на Бартрам.
„Мислите на сите нас од ФИФА се со жителите на Дортмунд и со навивачите на двата тима, по синоќешниот вознемирувачки настани. Внимателно ја следиме состојбата на Марк Бартра, играчот на Борусија, и му посакуваме брзо опоравување од повредата. ФИФА го осудува инцидентот во Дортмунд, а сите ние чекаме понатамошни детали во врска со она што се случи“, рече Инфантино.
Натпреварот помеѓу Борусија и Монако треба да се игра денес со почеток во 18:45 часот. Реваншот е закажан за 19. април на стадионот Луис II.