Faruk Zorlu
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
АНКАРА (АА) - Активистот Бенјамин Ладра од Шведска веќе девет месеци пешачи од Шведска кон Палестина, со цел да привлече внимание на насилството кое го спроведува Израел кон Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
На 15 август, Ладра го започна своето патување од Гетеборг кон Палестина, а по осум и пол месеци пристигна во главниот град на Турција, Анкара.
Новинарот на АА го затекна 25-годишниот Ладрa во Кизилџахамам, во близина на Анкара.
Ладра кажа дека веќе преминал 3.000 од планираните вкупно 4.800 километри, со цел укаже на насилството што го врши Израел врз обесправените Палестинци.

Претставници на две турски невладини организации го пречекаа Ладре и го поддржаа во неговата намера.
„Мојата цел е да укажам на кршењето на правата на Палестинците, на тоа дополнително укажувам и со постојани објави на социјалните мрежи. Доколку не ми дозволат влез во Палестина, за тоа детално ќе ги известам медиумите“, порача Ладра.
Од Шведска, преку Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, Ладра пристигна во Турција, а понатаму продолжува со своето патување кон Сирија, Либан, Јордан и Египет од каде планира да влезе во Палестина.