Турција

Ердоган со порака по повод Денот на националниот суверенитет и Денот на детето

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес упати порака по повод Денот на национален суверенитет на Турција и Денот на детето, кој Турција го одбележува секоја година на 23 април

Can Erözden  | 22.04.2018 - Обновена : 23.04.2018
Ердоган со порака по повод Денот на националниот суверенитет и Денот на детето

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес упати порака по повод Денот на национален суверенитет на Турција и Денот на детето, кој Турција го одбележува секоја година на 23 април, пренесува Anadolu Agency (AA).

Ердоган во пораката нагласува дека 23 април, 1920 година го симболизира издгнувањето на турскиот народ, кој се бореше за својата татковина, знаме и слобода.

Тој исто така ги спомна и неодамна објавените предвремени избори кои треба да се одржат на 24 јуни.

Тој нагласи дека со изборите Турција ќе влезе во нова ера која ќе ја зајакне стабилноста и довербата во земјата, која ќе создаде добра иднина и поголема и помоќна Турција за децата на нацијата.

Парламентот во петокот го усвои предлогот за предвремени претседателски и парламентарни избори, кои треба да се одржат на 24 јуни.

Во Турција утре се прославува Денот на националниот суверенитет на Турција и Денот на детото, како и 98-та годишнина од основањето на Парламентот.

Денот во Турција ќе биде одбележан со фестивали за деца, а јавните установи, училиштата и приватниот сектор исто така одржуваат пригодни програми.

Прославата на 23 април е фокусира на децата откако Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, го посвети Денот на децата како иднина на нацијата.

Големото Народно собрание на Турција се состана за првпат во Анкара во 1920 година за да ги постави темелите на независна и модерна Република.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.