Faruk Zorlu
22 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, на покана на неговиот шпански колега ќе отпатува во официјална посета на Шпанија, велат извори од Кабинетот на премиерот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Посетата на Јилдирим е закажана за 24-25 април каде што ќе учествува на 6. Меѓувладин самит меѓу Турција и Шпанија.
Како дел од неговата официјална посета, Јилдирим ќе се состане со шпанскиот премиер Маријано Рахој и заменик претседателката на Конгресот Ана Пастор, а ќе биде пречекан и од кралот Фелипе VI.
Состаноците ќе бидат фокусирани на билатералните односи меѓу Турција и Шпанија, како и на регионални и меѓународни прашања кои се во интерес на двете земји.
Јилдирим ќе оствари средба и со турските и шпански бизнисмени за зајакнување на економските врски и ќе присуствува на форумот „Nueva Economia Forum“, кој се смета за важна референтна точка за политичарите, бизнис светот, за дипломатите и медиумите.
Во 2014 година Анкара беше домаќин на Меѓувладиниот самит меѓу Турција и Шпанија со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во тоа време беше премиер, и шпанскиот премиер Рахој.