Ekipa
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Бројот на смртно настрадани лица од нападите во Барселона и во блиското летувалиште Камбрилс се зголеми на 15, соопшти министерот за внатрешни работи на Каталонија, Јоаким Форн, пренесува Anadolu Agency (AA).
Форн на конференцијата за печат изјави дека последната жртва од нападот во Барселона е маж кој со убодни рани од нож е пронајден во автомобил. Се верува дека возилото го користел еден од напаѓачите, за да избега од местото на настанот.
Во терористичките напади извршени во четвртокот во Барселона, животот го загубија 14 лица, а пак во Камбрилс животот го загуби едно лице. Во нападите се повредни повеќе од 120 лица. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
Осомничениот возач на комбето што ги покоси пешаците на Лас Рамблас, една од најпрометните улици во каталонската престолнина, е идентификуван како 22-годишен Мароканец, Јунес Абујакуб, по кој полицијата сѐ уште трага.