Nazir Aliyev Tayfur
28 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
КИЕВ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски во врска со преговорите што ќе се одржат во Истанбул, рече дека постои потреба за средби лице в лице во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопораката што ја сподели на својот профил на социјалните мрежи, Зеленски се осврна на разговорите што ќе се одржат во Турција меѓу преговарачките делегации на Украина и Русија.
Потенцирајќи дека нивните приоритети се познати во преговорите, Зеленски нагласи: „Ни претстои нова рунда преговори, затоа што ние бараме мир. Како што ми беше кажано, постои можност и потреба за средби лице в лице во Турција. Тоа не е лошо. Да го видиме резултатот.“
Зеленски истакнувајќи дека имаат за цел да го вратат животот во нормала во својата земја наведе дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина се неспорни и дека за неговата држава задолжителни се ефективни безбедносни гаранции.