Ali Eyvaz
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денеска во Анкара упати критика до Соединетите Американски Држави (САД), порачувајќи дека наместо да ја ослободат Рака од терористите на ДЕАШ, на припадниците на оваа терористичка група им дале оружје и им помогнале да излезат од Рака, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денеска зборуваше на редовната седница на пратениците во Парламентот пред Партијата на правдата и развојот (АК) во Анкара, и во таа пригода се осврна на борбата против тероризмот.
„Наместо да ја ослободат Рака од терористите на ДЕАШ, на припадниците на оваа терористичка група им дадоа оружје за да излезат од Рака. Што значи тоа? Што им кажавме ние на САД? Борбата со една терористичка организација да се уништи друга, тоа не е работа со којашто би се занимавале држави, тоа за нив е штетно. Сега гледаме какви резултати дава тоа. Кој може да знае, терористите на ДЕАШ, кои сега слободни се движат со оружје, можат да бидат причина за убиство на невини луѓе во Турција, Европа, САД и насекаде во светот", рече турскиот премиер Јилдирим.