Sevil Çelik
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, во говорот за време на церемонијата за отворање на Технолошкиот центар во Истанбул рече: „Турција е име на земја која за прв пат во историјата на светската демократија, чиј народ се соочи со обидот за државен удар, вооружен удар, со својата сила без оружје зададе удар на пучистите. Дојдоа да извршат државен удар, но соочени со удар, отстапија. Сега одговараат за своите дела,” изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во продолжение на својот говор Премиерот Јилдирим рече: „Тие веќе ја плааќат сметката за тоа. Овој народ не дозволува и нема да дозволи неговата волја, да биде преземена од страна на луѓе со темни игри инфилтрирани и навлегезени во илјада интриги во државните институции" .
Истакнувајќи дека сите оние кои извршија такво нешто треба да одговорат до последната точка во целост, Јилдирим рече: „Секоја одредба ќе биде во рамките на сите нешта содржани во законот. Ќе работиме на пресекување на сите можни врски на оваа терористичка организација и ќе ги извадиме на виделина. Поради тоа се решивме на вонредна состојба. Но, од друга страна на светот на економијата му рековме „продолжи го своето патување нема запирање. Најдобриот пример за тоа е овој технолошки центарпред вас."
Говорејќи за промените кои Турција ги доживеа во последните неколку години, Јилдирим рече дека неговата земја била произведувач на работите на двата моста на Босфор, а третиот го направи сама, што јасно покажува на промените во оваа земја.
„Работите се сменија. Првиот мост (на Босфорот) го направија Британците, ние бевме само подизведувачи. Другиот мост го направија Јапонците и тогаш бевме само подизведувачи. Третиот мост го прават Турците, подизведувач е Кореја. Мостот Осман Гази го направија Турците, Јапонците беа подизведувачи. Тоа покажува на промените во Турција. Турција вели: „Нема веќе следење од позади, одиме заедно”. Ова е можно со самодоверба, со вера во својата земја. Тоа е можно низ гледање во иднината на својата земја. Овој народ виде иднина. Кога? Во ноќта на 15 јули, виде вистина и иднина,” истакна турскиот премиер Бинали Јилдирим.