Afra Aksoy
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
АМАН (АА) - Во Јордан започнаа традиционалните Меѓународни игри за најдобри воини, јавува Anadolu Agency (AA).
На осмите по ред Игри своите вештини ќе ги покажат припадниците на 24 тима од 11 земји.
Свечената церемонија на отворање се одржа во центарот Крал Абдула II во Аман, а присуствуваа амбасадори на бројни земји и високопозиционирани воени официјални лица. Специјалните единици на јорданската војска во рамките на церемонијата на отворање изведоа воени вежби на кои учествуваа и хеликоптери.
На игрите кои ќе траат до 6-ти мај, војниците ќе ги претстават своите вештини во различни категории, меѓу кои ослободување на заложници, упади и борба против снајперисти. Организаторите рекоа дека конкуренцијата на овогодинешните Игри е силна и дека жирито ќе има тешка работа.
Додадоа дека се надеваат дека овогодинешните Игри ќе бидат поуспешни од минатогодишните.
Тимовите во текот на игрите добиваат одредени поени, а најуспешната екипа ќе биде позната на церемонијата на затворање на Игрите.