Nuri Aydın
25 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
СЕУЛ (АА) – На патиштата во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, почнаа да се користат автобуси без возачи, произведени од компанијата „Хјундаи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведуваат локалните медиуми, автобусите без возачи, односно автономните автобуси, почнаа да сообраќаат во округот Јонгно-гу.
Автобусите возат помеѓу Трговскиот центар „Севун“ и Плоштадот „Чеонги“, на релација од околу 3 километри.
Автономните автобуси можат да возат во одредена насока благодарение на камерите и ласерските зраци.
Граѓаните можат да ги користат автобусите бесплатно откако ќе резервираат место.
Планирано е релацијата по која се движат автобусите во иднина да биде подолга.