İbrahim Hakkı Çetinkaya
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
КЕЈП КАНАВЕРАЛ
Мајк Хопкинс и Виктор Гловер прошетаа низ вселената за да инсталираат брза антена за врски на податоци до Европската лабораторија „Колумбос“, една од трите високотехнолошки лаборатории на платформата „Бартоломео“ на Меѓународната вселенска станица (ISS), која чека активирање речиси една година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Данскиот астронаут Андреас Моргенсен од базата за контрола на мисијата во Хјустон им даваше инструкции на астронаутите кои носеа нова и привлечна антена со големина на мал фрижидер што ќе овозможи побрза комуникација со европските истражувачи преку сателитите и копнените станици.
Астронаутите, покрај тоа, ги поврзаа каблите за напојување и трансферот на податоци со експерименталната платформа што се користи за научни истражувања.
Лабораторијата која е дел од платформата наречена „Бартоломео“, што „Спејс икс“ ја испрати до Меѓународната вселенска станица во мај 2020 година, беше поставена со користење на роботската рака на Вселенската станица, но нејзиното активирање се случи при вселенската прошетка денеска.
Астронаутите Хопкинс и Гловер на 1 февруари повторно ќе прошетаат низ вселената со цел да се заврши подобрувањето на батериите во соларната електрична мрежа на станицата. Денешната прошетка во вселената беше трето искуство на Хопкинс и прво искуство на Гловер.