наука и технологија

Во Кина инсталиран автомат за продажба на автомобили

На конструкцијата на пет ката има 42 возила. Системот им овозможува на клиентите по пат на апликација на паметните телефони за кратко време да го тестираат и купат избраниот автомобил

Aldıjana Hadzıc  | 24.04.2018 - Обновена : 25.04.2018
Во Кина инсталиран автомат за продажба на автомобили Foto: Stringer / AA

China

ГУАНГЖУ (AA) - Во кинескиот град Гуангжу е инсталиран автомат за продажба на автомобили преку кој е можно да се купи возило без контакт со советник за продажба, јавува Anadolu Agency (AA).

На конструкцијата на пет ката има 42 возила. Системот им овозможува на клиентите по пат на апликација на паметните телефони за кратко време да го тестираат и купат избраниот автомобил.

Компанијата „Alibaba“ на крајот од минатата година ја најави инсталацијата на автоматот за продажба на автомобили, која веројатно ќе може да се користи само од одбрани клиенти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın