Dejan Maksimoviç
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Уште еден англиски клуб доби сопственик од странство. Астон Вила, која минатата сезона излезе од Премиер лигата ја презеде кинескиот бизнисмен Тони Џиа за 76 милиони фунти (околу 95,4 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Овој 39 годишен кинески бизнисмен успешно го помина соодветниот тест на Здружението на фудбалските лиги исполнувајќи ги сите услови за преземање на клубот. Џиа ќе го наследи американскиот сопственик Ренди Лернер, кој 2006 година клубот од Бирмингем го купи за 62,6 милиони фунти (околу 78,6 милиони евра).
Џиа пет години помина на Хардвард и Масачусетс институтот за технологија, како и пет месеци на Универзитетот на Оксфорд, пред да се врати во Кина. Богатството го стекна како сопственик на Recon Group, холдинг компанија која има контрола во пет компании кои котираат на берзата на Хонг Конг и Кина. Групата вработува околу 35.000 луѓе во 75 земји.
Се очекува дека Џиа во клубот да вложи дополнителни 60 милиони фунти (околу 75,3 милиони евра). Исто така, британските медиуми наведуваат дека Џиа на новиот менаџер Роберто ди Мате да му обезбеди околу 30 милиони фунти (околу 37,65 милиони евра) за трансферите за да ја обнови екипата, која минатата сезона оствари само три победи.