Burak Bir,Aysu Biçer
12 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
ЛОНДОН (АА) – Денес во Лондон, Велика Британија, се отвори Меѓународниот саем за одбрана и безбедност (DSEI), јавува Анадолу.
Четиридневниот настан, што се одржува во центарот „Ексел“ во Лондон, на едно место ги собра сите столбови на националната безбедност и одбрана, воздушна, вселенска, копнена, поморска, безбедносна, кибер и здружена одбрана и безбедност.
На овогодинешниот саем присутни се над 2.800 добавувачи од полето на одбраната и безбедноста, вклучително и повеќе од 230 нови излагачи.
АСЕЛСАН, ХАВЕЛСАН и РОКЕТСАН се меѓу турските компании учесници на саемот.
Под темата „Постигнување на интегрирана сила“, саемот ја нагласува важноста на интегрирањето преку петте оперативни домени - воздух, кибер, електромагнетни активности (CEMA), копно, море и вселена.
Саемот „ги поврзува владите, националните вооружени сили, индустриските лидери и целиот синџир на снабдување од областа на одбраната и безбедноста на светско ниво“, објави Меѓународниот саем на својата веб-страница.
Настанот е домаќин на илјадници посетители, но и на меѓународната онлајн публика.