Ayşe İrem Tiryaki
12 Септември 2023•Ажурирај: 13 Септември 2023
ОСЛО (АА) - Норвешките конзервативци победија на локалните избори, што е нивна прва победа по 99 години доминација на Работничката партија, јавува Анадолу.
Во Норвешка вчера се одржаа локални избори на кои Конзервативната партија Хојре освои 25,9 отсто од гласовите.
Владејачката Работничка партија на премиерот Јонас Гар Сторе освои 21,7 отсто од гласовите.
Ова се први локални избори од 1924 година на кои Работничката партија не освои најмногу гласови.
Лидерката на Конзервативната партија Хојре, Ерна Солберг, изјави дека рушењето на 99-годишната традиција е добра најава за општите избори што ќе се одржат во Норвешка во 2025 година.