Bahattin Gönültaş
28 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ОСАКА (АА) - Во соработка со компанијата „Фужикин“ (Fujikin), експертите од јапонскиот Универзитет во Осака изработија робот на италијанскиот уметник и научник Леонардо да Винчи, што ќе ги образува следните генерации научници, јавува Anadolu Agency (AA).
Роботот на Да Винчи им е претставен на учесниците на Самитот во Осака, град во кој се собраа лидерите на 20-те најразвиени земји од светот.
Директорот за маркетинг на компанијата „Фужикин“ (Fujikin), Коуичи Накамура, за АА изјави дека роботот е изработен во знак на почит кон Да Винчи, кој со своите дела го задолжил светот.
Тој истакна дека роботот Да Винчи е создаден со цел на едноставен начин на учениците од основните училишта да им биде презентиран неговиот труд и да ги поттикне да се занимаваат со наука и уметност.
„На тој начин ќе им овозможиме на основците и идните научници да учат низ забава“, рече Накамура.
Тој додаде дека роботот Да Винчи зборува јапонски, англиски и италијански јазик.
Благодарение на поврзаноста со мрежата на Гугл, роботот ќе може да одговара на прашања.
Накамура најави дека на ист начин и Алберт Ајнштајн наскоро ќе добие свој робот.