Fuat Kabakçı
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кина во вселената го лансираше првиот сателитски телескоп, кој ќе ги набљудува црните дупки и гама-зраците во орбитата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека лансирањето е успешно изведено од базата Џиучиен во пустината Гоби, во североисточниот дел од земјата.
Телескопот којшто тежи два и пол тона беше лансиран на ракета 4B во орбитата, на 550 километри од Земјата, а неговата задача е да ги следи промените во орбитата, црните дупки, гама-зраците и магнетните полиња.