Bekim Laci
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Експерти од областа на медицината и новинари од Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора се собраа во Скопје во рамките на Балканската Медиумска Академијата за да разговараат за начинот и нивото на информирање на граѓаните за една од најсмртоносните болести во светот, ракот, и за информирање за неговиот современски третман, јавува Anadolu Agency (AA).
Милан Ристески од Универзитетската клиниката за онкологија во Скопје рече дека неуспехот на хемотерапијата како метод за лекување на рак ги принуди Националниот совет за рак на САД истиата да ја прекине и да престане со новите студии за класичниот метод на хемотерапијата.
Тој рече дека во последните три години се регистрирани 60 нови лекови за лекување на рак.
„Проблемот е во тоа што овие лекови е многу лесно да се донесат во Скандинавија каде граѓанинот без здравствено осигурување може да ги купи и да му остане на месечната плата што тој добива. За нас, ова е невозможно“, рече Ристевски, додавајќи дека адаптација на здравствениот систем во нашите земји е неопходна, бидејќи бројот на нови пациенти во Македонија во 2015 година изнесуваше околу 5.000.
Онкологот од Косово, Арменд Спахиу, рече дека целта на учеството на Балканската Медиумска Академија е да ги ажурира новинарите со најновите вести во врска со неговиот делокруг, бидејќи, како што рече, во послендо време се направени бројни инвестиции во лековите што се употребуваат во онкологија.
„Нова ера донесе таргетирана терапија која донесе нова надеж преку имуналната терапија која е многу полесна во споредба со конвенционалните терапии, но проблемот лежи во фактот дека оваа терапија е скапа за условите во Балканот“, рече Спахиу, кој додаде дека на Академијата ќе разговараат за можностите за граѓаните кои се подложени на оваа терапија да се компензираат преку средства од министерствата за здравство.
Според него, Косово има регистар на оние кои боледуваат од рак, но, исто така, и тука се соочуваат со тешкотии, бидејќи многу граѓани од Косово третманот го прават во Македонија, Турција или на друго место.
Јадранка Лакичевиќ, онколог, рече дека во Црна Гора за жал малигните заболувања се откриваат во доцниот степен на развојот, каде што третманот е потежок.
Според неа, ова е една од причините на Академијата денес, имено да се подигне свеста за рано откривање на малигните заболувања.
Во отсуство на модерната медицина, Ристевски вели дека државата треба да го спроведува зголемувањето на производите кои се јавуваат како најчести причини за рак.
Тој предлага поскапување за три пати повеќе на цената на цигарите, построга контрола над пестицидите во земјоделските производи и поголеми даноци за брзата храна, т.н. „Junk Food“.