20 Март 2023•Ажурирај: 20 Март 2023
СКОПЈЕ (АА)
На меѓународните олимпиуски игри СТЕМ организирани од страна на Main Team Organisation GmbH со седиште во Германија, на кои учестваа 11.000 ученици од 1.200 училишта од 114 земји, меѓу кои и од Северна Македонија и Туркије, Кенза Нухија, ученичка од 8. одделение во училиштето „Маариф“ Тетово, освои златниот медал во категоријата во која се натпреваруваше.
Овие олимписки игри се одржааонлајн во категориите програмирање, математика, наука и уметност.
Станува збор за модерен пристап кон образованието. СТЕМ е наставна програма заснована на филозофијата за едукација на студентите по наука, технологија, инженерство и математика со интердисциплинарен и применлив пристап. Наместо овие предмети да се предаваат како четири одвоени и различни теми, СТЕМ ги интегрира во сеопфатно учење засновано на апликации од реалниот свет.
Она што го одвојува СТЕМ од традиционалното образование за природни науки и математика е мешавина од настава и презентација на учениците како научните методи можат да се применат во секојдневниот живот. Таа има за цел да ги научи студентите на калкулативно размислување и се концентрира на апликации од реалниот свет преку решавање проблеми.
Големото финале на Олимписки игри „СТЕМ“ ќе се одржи во Париз од 18 до 23 јули.