Emre Aytekin
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
ЧАНДИГАР
Индија лансираше нов сателит во вселената, со цел развивање активности за радар и мониторинг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) соопшти дека сателитот „RISAT 2B“ е лансиран од космодромот во индиската сојузна држава Андра Прадеш, со ракетата „Polar Satellite Launch Vehicle“ (PSLV).
Во соопштението се нагласува дека „RISAT 2B“ е набљудувачки сателит за Земјата кој е опремен со уред за радарско снимање, а ќе се користи во различни области како земјоделство, шумарство и управување со катастрофи.
„RISAT 2B“ е третиот сателит лансиран оваа година од страна на Индиската организација за вселенско истражување (ISRO).