Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
AНКАРА (AA) - Британските научници открија дека дебелината кај луѓето e поврзанa со мутациите на еден ген, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето спроведено од страна на научниците од Imperial College London (Империјал Колеџ Лондон) чии резултати се објавени во списанието „Nature Genetics“, е фокусирано на децата со проблеми со тежината во Пакистан.
Истражувачкиот тим забележа дека околу 30 отсто од дебелите деца имале генетска поврзаност со болест во минатото и дека оваа поврзаност била предизвикана од рецесивни мутации наследени од нивните родители, најмногу кај децата во регионот со голем процент на роднински бракови.
Научниците кои прибегнаа кон геномно секвенционирање во студијата откриле мутации во генот „adenylate cyclase 3“ (ADCY3).
Мутациите во генот ADCY3 предизвикуваат функцијата на протеинот што го кодира да не функционира правилно, што резултира со аномалии во контролата на апетитот, дијабетесот, па дури и мирисот.
Професорот Филип Фрогел, од истражувачкиот тим, изјави дека во претходните експерименти е откриено дека глувците лишени од ADCY3 генот биле дебели и имале аносмија (недостаток на сетилото за мирис), и додаде дека аносмијата се среќава и кај пациентите со кои е спроведено истражувањето.
Истражувањето ќе помогне во развојот на можните начини на третман во борбата против дебелината, која стана глобален проблем.