Emel Öz Gözellik
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
AНКАРА (AA) - Јапонскиот астронаут, кој објави дека во тек на тринеделниот престој на Меѓународната вселенска станица (МВС) пораснал за девет сантиметри, се извини за грешката при мерењето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Би-би-си, астронаутот Норишиге Канаи, објавил на својот Твитер профил дека направил грешка при мерењето, наведувајќи дека тоа не е 9 сантиметри, туку само 2 сантиметри. „Навистина ми е жал за погрешната објава на Твитер“, напиша тој.
Погрешниот пост на Канаи објавен на Твитер вчера беше: „Добро утро на сите. Денес имам важна порака. Медицинските прегледи направени на Меѓународната вселенска станица покажаа дека мојата висина е зголемена за 9 сантиметри“.
Поради недостаток на гравитација во вселената, висината на човекот може да се зголеми за 1-2 сантиметри.