наука и технологија

Истражување на Универзитетот во Анкара открива сличности меѓу гените на компировата златица и луѓето

Истражувањето, кое се фокусира на механизмите за регулирање на мастите, покажува голем потенцијал за справување со сериозните здравствени предизвици

Aida Cako  | 20.01.2025 - Обновена : 20.01.2025
Истражување на Универзитетот во Анкара открива сличности меѓу гените на компировата златица и луѓето

АНКАРА (АА) – Во Молекуларната ентомолошка лабораторија (MOLEN) на Универзитетот во Анкара, Туркије, беше спроведено истражување кое откри дека механизмите за таложење и согорување на мастите кај компировата златица (Leptinotarsa decemlineata) се слични на гените кај луѓето, јавува Анадолу.

Во рамките на истражувањето на Факултетот за земјоделски науки, научниците утврдија дека еден пептид добиен од овој инсект може да биде клуч за решавање на здравствените проблеми како што се замастен црн дроб и дебелина.

Ова истражување открива нови можности за развивање на биолошки и медицински третмани со користење на генетски информации добиени од инсекти.

Истражувањето, кое се фокусира на механизмите за регулирање на мастите, покажува голем потенцијал за справување со сериозните здравствени предизвици.

Научниците на Универзитетот во Анкара истакнаа дека понатамошните истражувања на пептидот може да понудат значајни решенија за глобалните здравствени проблеми поврзани со метаболизмот и дебелината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.