Burak Dağ
17 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
АНКАРА (АА) - Ново истражување покажува дека ултразвучните бранови можат да ја оштетат заштитната обвивка на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тим научници од американскиот Институт за технологија во Масачусетс (МИТ) спроведоа истражување кое откри дека вибрациите помеѓу 25 и 100 мегахерци предизвикале распаѓање на заштитната обвивка и шилата на вирусот и пукање во дел од секунда“, се вели во статијата на веб-страницата „Tech Explorist“.
Научниците во истражувањето користеле компјутерски симулации за моделирање на реакцијата на вирусот на вибрации во распон на ултразвучни фреквенции.
Тие заклучиле дека ултразвучните вибрации треба да бидат во рамките на фреквенциите што се користат при медицинско снимање.
„Докажавме дека при ултразвучно надразнување, заштитната обвивка и шилата на коронавирусот вибрираат, амплитудата на таа вибрација е многу голема, и произведувајќи соеви што можат да скршат одредени делови на вирусот, предизвикува видлива штета на надворешната обвивка и можна невидлива штета на РНК-та внатре. Се надевам дека нашиот труд ќе иницира дискусии во различни дисциплини“, рече Томаш Вирцбицки, професор по Применета механика на МИТ.
Научниците истакнуваат дека наодите што ги добиле од истражувањето може да се првиот клуч за можно лекување на Ковид-19 засновано на ултразвук.
Според статијата, нивната следна цел е да разберат како може да се примени ултразвукот во лекувањето на коронавирусот и да се утврди неговиот целосен ефект во оштетувањето на вирусот во внатрешноста на човечкото тело.