Fuat Kabakcı
10 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кина во вселената го лансираше комуникацискиот сателит наречен „ChinaSat-6C“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, комуникацискиот сателит „ChinaSat-6C“, развиен од страна на кинеската Академија за вселенска технологија, е лансиран од Центарот за лансирање на сателити во Шичанг.
Сателитот кој беше лансиран со ракетата наречена „Long March-3B“, ќе овозможи комуникациски услуги од висок квалитет за телевизиите и радиостаниците.
Овој сателит кој ќе служи на геосинхроната орбита, ќе ги опфати Кина, Австралија, Нов Зеланд и островите во Јужен Пацифик.
Кина го привлекува вниманието со своите проекти за вселената, а беше првата земја која го спушти беспилотното извидничко возило на темната страна на Месечината.
Кина има за цел наредната година да го испрати своето прво извидничко возило на Марс, додека во 2029 година планира да испрати извидничка мисија на Јупитер.