Fuat Kabakcı
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Во централниот дел на Кина се откриени амбари за жито стари околу 4.000 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција Синхуа, извршени се археолошки работи на површина од 100.000 метри квадратни во подрачјето на Шиџуанг, во кинеската покраина Хунан.
Како резултат ископувањата реализирани од јули досега, откриени се 28 амбари со површина од вкупно 5.600 метри квадратни, додека на дното на амбарите се откриени остатоци од просо.
Исто така, откриено е дека амбарите биле изградени во периодот од 2070 до 1600 година пред нашата ера, во периодот на династијата Сја.
Се смета дека ова откритие ќе даде важни информации околу менаџирањето со житото во тој период, како и во врска со даночниот систем.