Ahmet Furkan Mercan
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ТОКИО (АА) - Јапонија со помош на ракетата Х2А во вселената лансираше два одделни комуникациски сателити кои ќе овозможат побрза комуникација, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Станува збор за сателити со комуникациски капацитет развиени од страна на компанијата „Митсубиши“ и јапонската воздухопловна агенција (JAXA).
Ракетата Х2А е лансирана од вселенскиот центар „Танегашима“ во Кагошима, во југозападот дел од земјата. Сателитите се одвоија од ракетата по 30 минути, на надморска височина од 300 километри.
Сателитите имаат деветпати поголем оперативен капацитет од претходниот модел и со голема брзина ќе испраќаат информации и фотографии.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека станува збор за многу важен потфат, особено во поглед на зајакнувањето на јапонската национална безбедност.
„Сателитите целосно ќе ги користиме за зајакнување на нашата национална безбедност и управување со кризи“, рече тој.
Јапонската воздухопловна агенција (JAXA), исто така, соопшти дека овие сателити имаат пофлексибилен и подолг комуникациски капацитет.