Fuat Kabakçı
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина својот прв лет го направи авионот на електричен погон „RX1E-A“, кој претставува подобрена верзија на авионот „RX1E“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција „Xinhua“ (Синхуа) соопшти дека авионот „RX1E-A“, кој претставува подобрена верзија на „RX1E“, развиена од страна на Универзитетот за воздухопловство во Шенјанг, го оствари својот прв лет од аеродромот „Џајху“ во провинцијата Љаонинг и во воздух останал 2 часа.
Кај новиот модел „RX1E-A“, за разлика од претходниот модел, продолжено е времетраењето на летот.
Освен тоа, за безбедно слетување на авионот и на пилотот, во новиот модел е додаден падобран.
Авионот „RX1E-A“ достигнува брзина од 160 километри на час, а има капацитет за пилотот и еден патник.
Благодарение на подобрената верзија, се очекува овој авион на електричен погон да влезе на пазарот во Европа и во Америка. Се планира авионот да се користи за обука на пилоти, за транспорт на патници, за фотографирање од воздух, како и за туристички цели.
Универзитетот за воздухопловство во Шенјанг во 2012 година започна да развива авион на електричен погон. По 3 години работа, изграден е моделот „RX1E“, кој својот прв лет го направи во 2015 година. „RX1E“ остана во воздух 45 минути и достигна висина од 3.000 метри. Кина минатата година донесе одлука сериски да го производува авионот „RX1E“. Цената на авионот изнесува 1 милион јуани (околу 151.000 долари).