Handan Kazancı
17 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Кинеската мисија „Чанг-е 5“ успешно се врати на Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот државен јавен сервис Си џи ти њуз (CGTN) објави дека носејќи ги првите свежи примероци на карпи и остатоци од Месечината во повеќе од четири децении, капсулата „Чанг-е 5“ слетала во Сизиванг Банер во автономниот регион на Внатрешната Монголија во Северна Кина.
Сондата „Чанг-5“ беше лансирана на 24 ноември.
„Со нејзината комбинација од карактеристики за спуштање и издигнување успешно слета на блиската страна на Месечината на 1 декември и собра примероци и од површината на Месечината и од под неа“, се додава во веста.
Во 2019 година Кина спроведе историско прво слетување на далечната страна на Месечината со сондата „Чанг-4“.