Ekipa
13 Ноември 2018•Ажурирај: 14 Ноември 2018
СЕВР (АА) - Научниците го редефинираа поимот „мерна единица на масата килограми“ преку математичка константа, за разлика од досегашниот цилиндричен метален тег кој служеше како базна мерка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Досегашната дефиниција за килограми е стара речиси 130 години кога светот прифати цврстиот цилиндар од легури на платина и иридиум да претставува точна и базна мерна единица за килограми.
Станува збор за метален предмет со големина на топка за голф, кој се смета за „килограм на сите килограми“, а се наоѓа строго заклучен во Меѓународната канцеларија за мерки и тежина во францускиот Севр
Научниците откриле дека цилиндарот ја губи тежината, најверојатно поради гасот кој се наоѓа во цилиндарот при неговата изработка.
Така настана потребата за редефинирање на поимот „килограми“ и неговото базно мерило.
Научниците успеаја да направат нова дефиниција за килограмите врз основа на научни формулации, односно прецизно поставени математички константи.
Претставниците на властите ќе се соберат в петок на состанок во францускиот град Версај, за да ја одобрат новата научна дефиниција на килограмите.
Промената практично ќе се применува во земјоделските и научните области во кои се користат ултрапрецизни мерења на масата.