Ekipa
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНКАРА (АА) - Се очекува глобалното затоплување кон крајот на 21 век да се зголеми за повеќе од 2 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Списанието „Nature Climate Change” ги објави резултатите на две различни истражувања за глобалното затоплување, извршени со два сосема независни и различни методи. Истражувањата покажуваат дека кон крајот на 21. век, планетата Земја ќе биде потопла за најмалку 2 степена.
Проф. Адриан Рафтери од Универзитетот Вашингтон, кој раководи со ова истажување, рече дека според добиените резутати, постои веројатност од 95 отсто, температурата на планетата Земја кон крајот на 21 век да биде зголемена од 2 до 4,9 степени, додека веројатноста ова зголемување да изнесува само 1,5 степени или помалку е 1 отсто.
Проф. Рафтери смета дека се очекува средното затоплување на планетата Земја би требало да изнесува 3,2 степени.
Торстен Мауристен од Метеоролошкиот институт „Макс Планк“, кој во минатото се занимаваше со емисијата на стакленички гасови и истражувања за користењето на фосилни горива, истакнува дека доколку луѓето веднаш прекинат со користењето на фосилните горива, сепак, до 2100 година планетата Земја ќе се затопли за околу 2 степени.
Мауристен даде проценка дека доколку уште 15 години се продолжи со емисијата на стакленички гасови, затоплувањето на нашата планета би требало да достигне 3 степени.
Еколозите истакнуваат дека и двете истражувања се изработени пред повлекувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од Парискиот договор.
Целта на Парискиот договор е глобалното затоплување на нашата планета до крајот на ова столетие да биде меѓу 1,5 и 2 степени.