Emel Öz Gözellik
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
АНКАРА (АА) - Геолозите во вулканот Хекла во Исланд пронајдоа нов минерал, кој го нарекоа „topsoeite“, јавува Anadolu Agency (AA).
Тончи Балиќ - Жуниќ од Универзитетот во Копенхаген изјави дека долго време вршеле истражувања на примероците од вулканот Хекла и Елдфел.
По долгото истражување на примероците од околината на вулканот Хекла, забележале нов вид на минерал.
Балиќ - Жуниќ изјави дека „topsoeite“ се состои од молекули на вода, железо и флор, и дека е седми нов минерал откриен на тоа подрачје од 2009 година.
Тој додаде дека околината на вулкнот е многу богата со минерали и дека постои можност за откривање на нови видови.
Балиќ - Жуниќ укажа и на зголемениот број на минерали откриени во последните неколку години, и дека благодарејќи на новите метод е можно во пократок период и на полесен начин да се опишат минералите и да се утврди нивниот хемиски состав.
Резултатите од студиите се објавени во списанието "Mineralogical Magazine".