Başak Erkalan
05 Март 2024•Ажурирај: 07 Март 2024
АНКАРА (АА) - Русија и Кина планираат да постават нуклеарна енергетска единица на Месечината во 2033-2035 година, изјави денес Јуриј Борисов, генерален директор на руската државна вселенска корпорација Роскосмос, јавува Анадолу.
„Земјите потпишаа договор за заедничкиот проект на Месечината“, изјави Борисов на настан во Москва.
„Русија развива важен проект заедно со Кина“, изјави Борисов и додаде: „Правиме евалуација на проектот за испорака и воспоставување единица за нуклеарна енергија на површината на Месечината со нашите кинески колеги во 2033-2035 година“.
Борисов додаде дека единицата ќе биде изградена со роботска технологија.
Роскосмос и кинеската Национална вселенска администрација (CNSA) потпишаа меморандум за разбирање во 2021 година за основање меѓународна станица за истражување на Месечината.